Негатив е српска рок група, која е формирана 1999 година чиј главен вокал е Ивана Петерс (22.08.1974). Завршила средно музичко училиште, а почна да пее на 15 години во рок бендот „Who is the best“. Потоа беше членка во најактуелната поп група во Србија од деведесетите - Тап 011. По напуштањето на групата, во 1999 ја формираше рок групата Негатив. Првиот сингл на групата е преработка од добро познатиот хит на Викторија - Баракуда, овој пат како „Абракадуда“. Првиот албум во 1999 го носи името исто како и групата - Негатив. Следен албум кој го извади групата е „Ни овде ни тамо“ - 2003. Следува настап на Беовизија 2004 и освојување на прво место со композицијата „Збуњена“, но во соединувањето со Црна Гора, „Збуњена“ се пласираше на 4то место. Истата година е издаден албумот „Танго“ кој е одлично прифатен од публиката. Се до 2009 групата е во пауза од јавноста, а за тоа време работи на нови песни кои беа издадени во 2009 , во албумот „Спушти ме на земљу“